МАКЕДОНИЈА ДОБИ ЧИСТА ПРЕПОРАКА ЗА ПОЧНУВАЊЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ

    МАКЕДОНИЈА ДОБИ ЧИСТА ПРЕПОРАКА ЗА ПОЧНУВАЊЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУВо ЕУ инфо-центарот во Скопје во живо се следеше прес-конференцијата на Јоханес Хан и Федерика Могерини во Стразбур. (Фото: М. Златевска)

    Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан соопшти дека Европската комисија му препорачала на Европскиот совет да почне пристапни преговори со Македонија на денешната прес-конференција во Стразбур.

    „Ова е навистина добар ден за регионот на Западен Балкан. Задоволен сум што Комисијата го призна постигнатиот напредок на Македонија и Албанија со тоа што му препорача на Советот да почне пристапни преговори со двете земји и истовремено нагласи што треба да се направи да се одржи напредокот“, рече Хан.

    Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, која исто така беше на прес-конференцијата, кажа дека нема поединечно да го коментира напредокот на земјите од Западен Балкан, бидејќи наскоро ќе ги посети и на лице место ќе им ги пренесе пораките.

    ЕУ-амбасадорот во Скопје Самуел Жбогар кажа дека Македонија доби чиста препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

    „Македонија помина тешка година, беше во тешка политичка криза. Во извештајот, иако е критички, сепак има позитивни препораки за напредок“, кажа Жбогар во ЕУ инфо-центарот, каде што во живо се следеше прес-конференцијата во Стразбур.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира