Македонците кои живеат во Дубаи денеска организираа протестна акција во знак на поддршка за Шарената револуција и на граѓанското движење Протестирам.
„Ова е прва спонтана средба на Македонци кои живееме во Дубаи за поддршка на Шарената револуција. Акцијата бееше организирана за едно претпладне, но постои голем интерес кај многу други македонски граѓани во Дубаи за да се приклучат“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК еден од организаторите на протестот и најавува продолжување на акцијата.
Дубаи е последниот во низата градови во светот каде што изминатиов месец македонската дијаспора протестира за поддршка на Шарената револуција. Протести меѓу другите имаше и во Њујорк, Вашингтон, Копенхаген, Амстердам, Загреб, Љубљана.