ДЕМОКРАТИЈАТА Е ЖРТВА НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ, ВЕЛИ КАМПАЊАТА НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ

    ДЕМОКРАТИЈАТА Е ЖРТВА НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ, ВЕЛИ КАМПАЊАТА НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИЗа разлика од традиционалните типови фалсификати, чие влијание на здравјето или на животната средина се видливи и мерливи, лажните вести многу поподмолно ги поткопуваат темелите на демократијата, велат од Репортери без граници во кампањата Бори се против лажните вести лансирана за Светскиот ден на слободата на медиумите 3 Мај

    За да го одбележи Светскиот ден на слободата на медиумите 3 Мај, Репортери без граници ја лансираше кампањата Бори се против лажните вести (#FightFakeNews), зашто смета дека борбата против дезинформации денес е еден од најголемите предизвици за бранителите на новинарството.

    Клучен елемент на кампањата е ТВ спотот насловен Бори се против лажните вести, во кој се споредува штетата што на човештвото му ја прават фалсификуваните индустриски или фармацевтски производи со политичката штета што резултира од фалсификуваните вести и информации. За разлика од традиционалните типови фалсификати, чие влијание на здравјето или на животната средина се видливи и мерливи, лажните вести многу поподмолно ги поткопуваат темелите на демократијата, велат од организацијата со седиште во Париз.

    Комисијата за заштита на новинарите на САД објави дека 2017 е најлоша година досега според бројот на новинари в затвор – 262 новинари се в затвор низ целиот свет, а 51 отсто од нив се затворени во само 3 земји, Турција, Кина и Египет

    „Содржините што се произведени на ригорозен и чесен начин се повеќе се изложени на нелојална конкуренција од спонзорирани содржини, пропаганда и гласишта. Како што покажаа истражувањата, лажните вести циркулираат многу полесно од веродостојните вести поради когнитивната предрасуда кај луѓето. Не можеме да останеме пасивни пред оваа закана за чесноста на јавната дебата и со тоа за демократијата“, вели генералниот секретар на Репортери без граници Кристоф Делоар.

    Комисијата за заштита на новинарите на САД објави дека 2017 е најлоша година досега според бројот на новинари в затвор – 262 новинари се в затвор низ целиот свет, а 51 отсто од нив се затворени во само 3 земји, Турција, Кина и Египет. Во Турција се в затвор 72 новинари. Од овие 262 затворени, 97% се локални дописници, 87% следат политика, 74% се соочуваат со обвиненија за антидржавна активност, а 29 % се фрилансери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира