Лути поради претстојната инаугурацијата на Владимир Путин за претседател, илјадници Руси денес протестираа во повеќе градови низ Русија под слоганот „Тој не е наш цар“.
Полицијата уапси повеќе од 350 демонстранти меѓу кои и лидерот на опозицијата и организатор на протестите Алексеј Навални. Полицијата фаќајќи го Навални за раце и нозе го отстрани од плоштадот „Пушкин“ во Москва, со објаснување дека ги прекршил прописите за организирање на протест.
Владимир Путин ќе биде инаугуриран на нов шестгодишен мандат во понеделник откако победи на изборите во март со поддршка од 77 отсто од граѓаните на Русија.