СЕ РАСИПАА МИКРОФОНИТЕ ВО НОВИОТ КРИВИЧЕН СУД, СУДЕЊЕТО ЗА „ТИТАНИК“ ПРОДОЛЖИ ВО СТАРАТА ЗГРАДА

    СЕ РАСИПАА МИКРОФОНИТЕ ВО НОВИОТ КРИВИЧЕН СУД, СУДЕЊЕТО ЗА „ТИТАНИК“ ПРОДОЛЖИ ВО СТАРАТА ЗГРАДАОбвинети во „Титаник“ за изборни нерегуларности се поранешниот премиер Никола Груевски и 20 негови најблиски соработници од поранешниот извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ. - Од почетокот на денешното рочиште во новата зграда на Кривичниот суд (Фото: М. Златевска)

    Се расипаа микрофоните во големата сала на новиот Кривичен суд, па судењето за предметот на СЈО „Титаник“ продолжи во старата зграда на судот.

    По паузата од еден час која ја даде судијата Осман Шабани за да се одлучи по барањето на одбраната за изземање на специјалната обвинителка Катица Јанева, судењето не можеше да почне оти не работеа микрофоните. Судијата Шабани ги повика службите од судот да го решат проблемот. Околу 20 минути, вработените се обидуваа да го стават во функција микрофоните за да може да се слуша судењето, но не успеаја во тоа.

    По ова, судијата Шабани рече дека рочиштето ќе продолжи во старата зграда, бидејќи големата судница таму е слободна. Судењето продолжи, а судијата Шабани го одби барањето на одбраната за изземање на Јанева.

    Обвинети во „Титаник“ за изборни нерегуларности се поранешниот премиер Никола Груевски и 20 негови најблиски соработници од поранешниот извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

    Новата зграда на Кривичниот суд почна да се гради на 29 мај 2010, кога министер за правда беше Михајло Маневски, а Чини 8,3 милиони евра, средства обезбедени преку кредит од Светска банка. Беше свечено пуштен во употреба на 31 март годинава.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира