КАРАТИСТОТ ЕМИЛ ПАВЛОВ ПО ВТОРПАТ ЕВРОПСКИ ПРВАК

    КАРАТИСТОТ ЕМИЛ ПАВЛОВ ПО ВТОРПАТ ЕВРОПСКИ ПРВАКПет победи во Србија за ново европско злато. - Емил Павлов

    На Европското првенство во карате, што се одржа во Србија, македонскиот репрезентативец Емил Павлов се закити со златниот медал, со што по вторпат ја освои европската титула. Павлов во изминатите неколку години е освојувач и на бронзен медал, а на останатите европски турнири се има закитено и со сребро.

    „Последното европско злато, што го освоив вчера во Нови Сад, е резултат на пет победи. Прво ги победив моите конкуренти од Словачка, Холандија и од Црна Гора, додека во полуфиналето бев подобар од Летонецот Калинс со 5:2. Сепак, најзадоволен сум од настапот во финалето, кога го победив италијанскиот репрезентативец Анџело Каршченцо со 3:1“, изјави Павлов.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира