37 ПАЛЕСТИНЦИ УБИЕНИ ВО ГАЗА ПРЕД ОТВОРАЊЕТО НА АМБАСАДАТА НА САД ВО ЕРУСАЛИМ

    37 ПАЛЕСТИНЦИ УБИЕНИ ВО ГАЗА ПРЕД ОТВОРАЊЕТО НА АМБАСАДАТА НА САД ВО ЕРУСАЛИМИзраел ги смета масовните протести во Газа за терористичко движење (Фото: АП)

    Најмалку 37 Палестинци се убиени од израелската војска во најкрвавите судири во Газа во последните неколку недели, што му претходат на контроверзното отворање на американската амбасада во Ерусалим.

    Високи претставници на САД, вклучувајќи ја и ќерката на Доналд Трамп, Иванка, ќе присуствуваат на денешниот настан.

    Масовните протести, наречени „големиот марш на враќање“, ги предводи Хамас и Израел тврди дека нивната цел е да ја пробијат граничната метална ограда, опишувајќи го целото движење како терористичко. Палестинците сметаат дека потегот на Трамп има за цел да го признае правото на Израел врз целиот Ерусалим.

    Хамас објави дека меѓу убиените е и 14-годишно момче и дека има околу 1.300 повредени. Повеќе од 50 Палестинци загинаа од почнувањето на протестите пред шест недели. За тој период, ниту еден Израелец не беше повреден.

    „Секој што ќе се доближи до оградата ќе се смета за терорист“, изјави израелскиот министер за образование Нафтали Бенет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира