Филмот „Крадци“ на јапонскиот режисер Хироказу Коре- Еда ја освои Златната палма на Канскиот филмски фестивал кој завршува вечерва. Филмот е нежен портрет на сиромашно семејство.
Режисерот ја прифати наградата на јапонски јазик и ја посвети на целиот тим вклучен во филмот.
Надин Лабаки ја освои наградата од жирито, а пак Спајк Ли освои Гран при за „Црниот член на Кју-Клукс-Клан“.
Полскиот режисер Павел Павликовски ја доби наградата за најдобар режисер за филмот „Студена војна“, Марчело Фонте за најдобар актер во филмот „Догман“, а Самал Јисламова за најдобра актерка во „Ајка“.
За наградите одлучи жирито во состав : австралиската актерка, која беше и претседателка, Кејт Бланшет, актерките Кристин Стјуарт и Леа Сејду, американската писателка и режисерка Ејва ДуВернеј , пејачката и композиторка Каџа Нин од Бурунди, кинескиот актер Чанг Чен, канадскиот режисер Денис Вилнев, францускиот писател Роберт Гудигијан и рускиот режисер Андреј Звјагинцев.