СОЛУНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БУТАРИС ХОСПИТАЛИЗИРАН ПО НАПАДОТ ОД ГРУПА НАЦИОНАЛИСТИ

    СОЛУНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БУТАРИС ХОСПИТАЛИЗИРАН ПО НАПАДОТ ОД ГРУПА НАЦИОНАЛИСТИГрадоначалникот Бутарис е хоспитализиран со повреди на главата, грбот и нозете.(Фото: ЕПА)

    Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис вчера беше претепан од националисти за време на комеморацијата на Грците кои загинаа во борбата против Турците во Првата светска војна и во грчко-турската војна.

    Бутарис е хоспитализиран со повреди на главата, грбот и нозете.

    „Ме удираа секаде. Беше ужасно, но сега сум добро“, изјави Бутарис за грчката агенција АНА.

    Претседателката на Градскот совет, Калипсо Гула која беше заедно со Бутарис на комеморацијата вели дека поголем број националисти се доближиле до нив и му рекле на Бутарис да го напушти местото а потоа почнале да го удираат со шишиња. Од ударите 75 годишниот солунски градоначалник паднал на земја, па што групата продолжила да го удира со нозе по главата и телото.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира