МАКЕДОНИЈА НЕ Е ЗАКАНА ЗА НАС, КАЖА СОЛУНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БУТАРИС ПО НАЦИОНАЛИСТИЧКИОТ ПРОТЕСТ ВО НЕГОВИОТ ГРАД

    МАКЕДОНИЈА НЕ Е ЗАКАНА ЗА НАС, КАЖА СОЛУНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БУТАРИС ПО НАЦИОНАЛИСТИЧКИОТ ПРОТЕСТ ВО НЕГОВИОТ ГРАД„Многу сум разочаран, бидејќи по 25 години спорови за името на Скопје, ние сме сѐ уште во иста позиција. Психологијата, односот на многу грчки граѓани не се смениле“. - Јанис Бутарис и Зоран Заев при неговата посета на Скопје на 16 ноември 2017 (фото: Ѓ. Личовски)

    Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис има категорично различен став од денешниот протест во градот, против правото на Република Македонија да го користи терминот „Македонија” во која било опција за решавање на неколкудеценискиот спор помеѓу Атина и Скопје, објави бугарската агенција БГНЕС.

    Митингот беше организиран од неколку националистички организации, меѓу кои и неонацистичката Златна зора.

    Според полицијата, на протестот учествуваа околу 30.000 луѓе.

    “Многу сум разочаран, бидејќи по 25 години спорови за името на Скопје, ние сме сѐ уште во иста позиција. Психологијата, односот на многу грчки граѓани не се смениле. Проблемот е што луѓето мислат дека Македонија ќе ни го одземе идентитетот, но никој нема тоа да го направи. Тие не се закана за нас.

    Луѓето се многу слабо информирани, си замислуваат разни работи кои не се вистина,  како дека дека тие ќе ни украдат историјата, ќе не освојат”, изјавил Бутарис за Бугарската телевизија.

    Градоначалникот Бутарис има клучна улога за почетокот на преговорите меѓу властите во Скопје и Атина за името Македонија.

    Премиерот Алексис Ципрас исто така се оградува од националистичките апели во земјата.

    „Ги повикувам нашите сограѓани да бидат трезвени и да разликуваат она што е добро за националниот интерес и она што не е. Недостатокот на решение за спорот околу името го поткопува спорот“ , изјави Ципрас и додаде: “Во текот на 25 години нашите соседи се признати под името ’Република Македонија’ од голем број земји во светот, додека ние се бориме секаде да ги нарекуваат ФИРОМ”.

    Не е апсурдно да се вклучи името „Македонија“ во едно сложено име – географско, но треба на сите да им е јасно дека тоа нема да има претензии кон историјата и територијалниот интегритет на другите народи”, објави бугарската агенција БГНЕС.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира