„ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ ВЕ ВОДИ НА БЕСПЛАТНА ТУРА ВО ГАЛИЧНИК

    „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ ВЕ ВОДИ НА БЕСПЛАТНА ТУРА ВО ГАЛИЧНИК

    „Еуролинк осигурување“ петта година по ред ја организира бесплатната туристичка тура насловена „Мапа на културата“. Овојпат, темата ќе биде Галичник.

    На целодневната прошетка, над сто граѓани ќе имаат можност да се запознаат со историјата на најстарото село во Mијачкиот регион и со автентичната локална архитектура и да уживаат во природата и во незаборавната глетка. Тие ќе имаат можност да ги слушнат и преданијата за селото, раскажани од неговиот најстар жител, дедо Павле Лукановски.

    Оваа тура е дел од платформата за корпоративно-општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“. Со реализација на овој проект, „Еуролинк осигурување“ им овозможува на граѓаните да дознаат повеќе за културните богатства на нашата држава и ја подига свеста за сопственото културно наследство.

    Пријавувањето за турата, која ќе се одржи на 2 јуни, трае од денеска до 27 мај на mapanakulturatа@eurolink.com.mk. Првите 150 пријавени ќе бидат избрани за учесници и тие ќе бидат телефонски известени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира