Серена Вилијамс се врати на гренд слем турнирите по 16 месеци пауза, и тоа со стил.
До неодамна најдобрата светска тенисерка не само што победи во првото коло на Ролан Гарос, туку уште поголемо внимание привлече со изборот на својата облека, во која што изгледаше како стрип-хероината Жена Мачка.
Серена ја победи Кристина Плискова со 7:6, 6:4, носејќи тесен црн костим со долги ногавици и со црвен појас, со што потсети на својот имиџ од Отвореното првенство на САД во 2002 година.
Прва која се осмели вака да излезе на тениски терен беше Американката Ен Вајт, која носеше тесен бел костим на Вимблдон во 1985 година.
Серена во секој случај имаше успешно враќање на големата тениска сцена по 16 месеци пауза, откако во меѓувреме роди ќерка и се омажи.