ДОГОВОРОТ ЌЕ ГО ПОТПИШАТ ВО ПРЕСПА ВО ГРЦИЈА ДИМИТРОВ И КОЅИЈАС, ЗАЕВ И ЦИПРАС ЌЕ СЕ СРЕТНАТ ВО ПРЕСПА ВО МАКЕДОНИЈА

    ДОГОВОРОТ ЌЕ ГО ПОТПИШАТ ВО ПРЕСПА ВО ГРЦИЈА ДИМИТРОВ И КОЅИЈАС, ЗАЕВ И ЦИПРАС ЌЕ СЕ СРЕТНАТ ВО ПРЕСПА ВО МАКЕДОНИЈАНикос Коѕијас и Никола Димитров (Фото: Ѓ. Личовски)

    Договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпише в недела во Преспа на грчката страна. Потоа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас и министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе имаат средба во македонската страна на Преспа, брифираа денеска од Владата. Договорот ќе го потпишат министрите Димитров и Коѕијас. Зад нив ќе стојат премиерите и потоа заедно сите ќе се преселат на македонската страна од границата.

    Од Владата не кажаа кои странски гости ќе присуствуваат на потпишување на договорот, имињата ќе бидат објавени утре во 18 часот.

    Договорот за решавање за спорот за името кој в недела ќе се потпише во Преспа, вчера беше објавен на веб- страната на Владата. Договорот предвидува:

    Име – Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба и ќе се прецизира со амандман во Уставот
    Јазик – македонски без фуснота – потврден од ООН
    Националност – македонска/граѓани на Северна Македонија (Macedonian/Citizens of North Macedonia)
    Новото име Република Северна Македонија ќе почне да се употребува на меѓународен план откако договорот со Република Грција ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји
    На внатрешен план новото име на земјата ќе се употребува по отворање на поглавјата за преговори за членство во ЕУ, но не подоцна од пет години од потпишување на договорот
    Договорот станува валиден кога ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји
    По уставните промени, кои ќе следат по евентуален успешен референдум, договорот се ратификува во парламентот во Грција. При тоа ќе се ратификува и договорот за името, но и протоколот за полноправно членство на Македонија во НАТО. Оттогаш почнува меѓународната употреба на новото име.
    На 28 јуни годинава, Македонија треба да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија,
    Кодовите за Македонија остануваат мк и мкд
    На 12 јули на самитот на НАТО Македонија да добие покана за членство во алијансата како нејзина 30-та членка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира