Најмалку три лица загинаа, а над 200 се повредени во силниот земјотрес што утрово во 7 часот го погоди јапонскиот град Осака. Земјотресот бил со јачина од 6.1 степени и длабочина од 13 километри, при што оштетени се згради и куќи.
Меѓу жртвите е и 9- годишно девојче врз кое паднал ѕид додека одела на училиште. Досега не е издадено предупредување за опасност од цунами.