ДИПЛОМАТСКИОТ ПАСОШ НА БЕКЕР Е ФАЛСИФИКАТ, ОБЈАВИ ЦЕНТРАЛНОАФРИКАНСКАТА РЕПУБЛИКА

    ДИПЛОМАТСКИОТ ПАСОШ НА БЕКЕР Е ФАЛСИФИКАТ, ОБЈАВИ ЦЕНТРАЛНОАФРИКАНСКАТА РЕПУБЛИКАТениската легенда Борис Бекер се повика на дипломатски имунитет како новоназначен амбасадор во Централноафриканска Република, за да избегне банкрот (Фото: АФП)

    Централноафриканската Република соопшти дека дипломатскиот пасош за кој тениската легенда Борис Бекер тврди дека му дава право на имунитет во постапката за банкрот во Велика Британија, е фалсификат.

    „Дипломатскиот пасош што го поседува Бекер е лажен“, изјави началникот на кабинетот на Министерството за надворешни работи, Черубин Морубама.

    Серискиот број на документот одговара со еден од групата на нови пасоши што беа украдени во 2014 година, рече тој.

    Покрај тоа, на пасошот, на кој стои датата 19 март 2018 година, нема ниту потпис ниту печат од министерот за надворешни работи, Чарлс Армел Дубан.

    Изминатиот петок, адвокатите на Бекер поднесоа барање до Високиот суд во Лондон, посочувајќи дека беше назначен за спортски аташе на Европската Унија во Централноафриканската Република, што, според Виената конвенција од 1961 година, го заштитува од судски процес во која било држава.

    Трикратниот освојувач на Вимблдон прогласи банкрот во јуни 2017 година поради голем долг кон една банка.

    „Одлуката да се покрене банкрот беше нефер и неоправдана, во што ме вовлече група анонимни банкари и бирократи“, изјави тогаш Бекер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира