ШИЛЕГОВ ЌЕ ИМ ДАДЕ К-15 НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ, НАДОМЕСТ КОЈ ТРАЈАНОВСКИ ИМ ГО УКИНАЛ

    ШИЛЕГОВ ЌЕ ИМ ДАДЕ К-15 НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ, НАДОМЕСТ КОЈ ТРАЈАНОВСКИ ИМ ГО УКИНАЛШилегв на денешната седница во дискусијата за ребаланс на буџетот рече дека ставката за плати се зголемува оти ќе им даде К -15 на вработените, нешто што нив им следува, а ексградоначалникот Коце Трајановски го укинал.(Фото: СДК.МК)

    Администрацијата во Град Скопје и вработените во Пожарната годинава ќе добијат К -15 во висина од 14.200 денари, најави градоначалникот Петре Шилегов.

    Тој на денешната расправа на седницата на Советот на Град Скопје во дискусијата за ребалансот на буџетот одговарајќи на прашањата на советниците од опозицијата рече дека ставката за плати се зголемува оти ќе им даде К -15 на вработените, нешто што нив им следува, а ексградоначалникот Коце Трајановски го укинал.

    „Мојот претходник дал К -15 само лани пред избори, а останатите години додека бил градоначалник го укинал ова право. Поради тоа имам над 1.000 тужби од вработени. На овие луѓе габи им растат во градите од условите во бараките. Затоа се зголемени средствата за плати“, рече Шилегов.

    На денешната расправа советниците од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека Шилегов со ребалансот крати од секторите за заштита на животна средина, а ги зголемува парите за секторот за поддршка на градоначалникот и за плати.

    „На секоја седница дискутираме за нови вработувања во вашиот кабинет. Веќе ми е здосадено. Со ребалансот предвидувавте да се укинат средствата за субвенции за пелети, но по наша интервенција парите се вратени. Во кампањата велевте дека приоритет ви е животната средина и чист воздух, а вие гледате како да ги вдомите вашите партиски кадри“, рече советничката од ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ.

    Шилегов им одговори дека им паѓаат во вода дискусиите дека не се грижи за животната средина, кога со ребалансот се предвидуваат повеќе средства за зазеленување, расчистување на диви депонии, за зелени кровови.

    „Со тоа што денеска ќе се формира акционерско друштво за енергетски дејности говори дека токму чистиот воздух и животната средина е приоритет во мојата работа. Вашите изјави се контрадикторни“, им рече Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира