АКИ ОД ТЕТОВСКО КАМЕЊАНЕ ОДЛИКУВАН СО ЗЛАТЕН МЕДАЛ И ЗЛАТЕН КРСТ ВО СЛУЖБА НА АВСТРИЈА

    АКИ ОД ТЕТОВСКО КАМЕЊАНЕ ОДЛИКУВАН СО ЗЛАТЕН МЕДАЛ И ЗЛАТЕН КРСТ ВО СЛУЖБА НА АВСТРИЈАОд свечената церемонија на доделувањето на орденот и крстот - Аки Нуредини (во средината со директорот на Виенската опера и директорот на австриските театри) Фото: Анди Венцел (БКА)

    На прославениот австриски бизнисмен и вљубеник во операта родум од Македонија Аки Нуредини, на свеченост во Државната опера на Виена, (во четвртокот вечер) му беше врачена титулата Златен медал и Златен крст на честа за служба во Австрија, највисоко призание што го доделува претседателот на оваа земја.

    Ова признание се доделува на државно ниво, па така титулата на Нуредени му беше врачена од директорот на прочуената Штац опера во Виена, Доминик Маер и од преседателот на австриските театри, Кристијан Кирхер.

    Титулата за придонесот за државата Австрија, за Аки Нуредини доаѓа по осум години откако тој во 2009 година беше прогласен за почесен граѓанин на Виена – Аки се заблагодарува за признанието (Фото: Анди Венцел – БКА)

    Честа што Виена и Австрија му ја оддаваат на сопственикот на познатиот ресторан „Соле“ во Виена, кој важи како неформален амбасадор на Македонија во Виена, во практика ја искажуваат благодарноста од поддршката и пријателството што светскиот оперски џет-сет и политичарите го искажуваат кон Аки, кој секогаш сака да поенцира дека е од тетовското село Камењане.

    Титулата за придонесот за државата Австрија, за Аки Нуредини доаѓа по осум години откако тој во 2009 година беше прогласен за почесен граѓанин на Виена.

    Во текот на март и април оваа година ресторанот на Аки стана и неформално место за преговорите за името со Грција – Нуредини со министерот Никос Коѕијас пред „Соле“ – (Фото: СДК.МК)

    Во текот на март и април оваа година, неговиот ресторан стана и неформално место за преговорите за името со Грција. Пред, или после средбите во Виена под покровителство на Обединетите нации, министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас поминуваа неколку часови на вечера кај Аки.

    Ресторанот „Соле“ близу Државната опера во Виена, над 30 години е омиленото сврталиште на оперските ѕвезди од кои повеќето станаа блиски пријатели со семејството Нуредени. Овој ресторан и заложбите на Аки немаат помало значење ниту за поврзување на политичко ниво, зашто политичарите и дипломатите таму доаѓаат во безбедна сфера која овозможува разговор во неформална и космополитска атмосфера на уметнички пријателства од целиот свет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира