МАРАДОНА ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА ПО ДРАМАТИЧНАТА ПОБЕДА НА АРГЕНТИНА

    МАРАДОНА ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА ПО ДРАМАТИЧНАТА ПОБЕДА НА АРГЕНТИНАДиего Марадона преемотивно го следеше мечот Аргентина-Нигерија, по што му се слошило (Фото: Ѓ. Личовски)

    На Диего Марадона му се слошило и примил лекарска помош, откако на стадионот во Санкт Петербург сведочеше на драматичната победа на Аргентина над Нигерија од 2:1, која ја одведе во осминафиналето на Светското првенство во Русија.

    По завршувањето на мечот, Марадона колабирал на трибината, по што бил превезен во локална болница. (Фото: Твитер)

    Педесет и седумгодишниот Марадона емотивно го преживуваше натпреварот и полуде кога Маркос Рохо го постигна клучниот гол во 86. минута.

    По завршувањето на мечот, тој колабирал на трибината, по што бил превезен во локална болница.

    Неговата состојба во меѓувреме била стабилизирана.

    ТВ-камерите цело време ги следеа реакциите на Марадона додека траеше мечот, но тоа излезе од контрола кога Рохо даде гол, по што тој покажа среден прст со двете раце.

    „Диего се посрамоти со својата прослава. Разбирам колку беше еуфоричен, но таква реакција не му требаше“, кажа Гари Линекер, англиската фудбалска легенда, а сега презентер на Би-Би-Си.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира