Ќе има минимално намалување на цената на струјата, најавуваат од Регулаторната комисија за енергетика.
Колку ќе поевтини цената на струјата ќе се знае утре, за кога е закажана подготвителната седница на Регулаторната комисијата, по што на прес-конференција ќе биде објавена новата цена.
Како што брифираат од Регулаторна, во барањата на енергетските компании ЕВН побарала зголемување на цената на стујата за 9 отсто, ЕЛЕМ намалување за 1,5 отсто, додека МЕСПО не побарале ниту зголемување ниту намалување.
А. АНТЕВСКА