МОТОРИТЕ ЌЕ МОРА ДА СЕ ПАРКИРААТ НА ПАРКИНГ И ДА ПЛАЌААТ, НАЈАВИ ШИЛЕГОВ

    МОТОРИТЕ ЌЕ МОРА ДА СЕ ПАРКИРААТ НА ПАРКИНГ И ДА ПЛАЌААТ, НАЈАВИ ШИЛЕГОВВо моментов ЈП„Градски паркинг“ работи на ценовникот за паркирање, а од понеделник ќе стартува бележењето паркинг места на јавните паркиралишта со кои стопанисува претпријатието, најави градоначалникот Петре Шилегов (Фото: Ѓ. Личовски)

    Сопственицте на мотори нема да смеат да се паркираат кај ќе стигнат, туку ќе мораат да ги оставаат возилата на паркинзи и да плаќаат за паркирање, најави денеска градоначалникот Петре Шилегов.

    Во моментов ЈП„Градски паркинг“ работи на ценовникот за паркирање, а од понеделник ќе стартува бележењето паркинг места на јавните паркиралишта со кои стопанисува претпријатието. Одлуката за воведување наплата за паркирање мотори треба да биде усвоена на седница на Советот на Град Скопје наредниот месец. По донесување на одлуката, моторите кои ќе бидат паркирани на тротоари, улици и јавни површини ќе бидат казнувани од полицијата.

    „Ќе почнеме да наплатуваме за паркирање на мотори оти сега секој паркира кај ќе стигне“, рече Шилегов.

    Од ЈП„Градски паркинг“ велат дека цената уште не е одредена, но таа ќе биде симболична односно двојно помала од онаа за паркирање на коли.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира