Обвинителот Дарко Јакимовски, кој го застапуваше обвинението за обидот за убиство на Зијадин Села, за кое обвинетите пред малку добија вкупна казна од 85 години затвор, почнал нова, дополнителна истрага за напад и обид за убиство на Зијадин Села. Осомничени во новата истрага се десетина насилници кои не беа опфатени во ова обвинение против 10-темина веќе осудени, а од кои некои беа и побрутални од нив.
Во меѓувреме, се шири и обвинението против Митко Чавков и 30-темина обвинети, поради новонабавени видео снимки од организираниот напад на Собранието на 27 април лани, но и поради нови заштитени сведоци.
Оваа голема група е обвинета за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на Македонија и за организација на нападот во Собранието со тешко повредени пратеници, полицајци, граѓани. Судењето почнува на 22 август кај судијката од организиран криминал Добрила Кацарска.
С. К. ДЕЛЕВСКА