ПЕЈАЧОТ ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ НАЈДЕН МРТОВ ВО АВТОМОБИЛ

    ПЕЈАЧОТ ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ НАЈДЕН МРТОВ ВО АВТОМОБИЛУвид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на министерството за внатрешни работи. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. (Фото: Фејсбук)

    Пејачот Влатко Илиевски е пронајден мртов во неговиот автомобил синоќа на улицата Трета македонска бригада во Скопје.

    Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на министерството за внатрешни работи.

    По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

    Од Министерството за внатрешни работи изјавија дека истрагата е по тек и кога ќе заврши ќе соопштат детали.

    Влатко Илиевски беше роден на втори јули 1985 година. Од 2000 до 2007 година, тој беше член во групата „Морал“. Од 2007 година започна соло кариера.

    Во 2011 година со песната „Русинка“ Илиевски ја претставуваше Македонија на Евровизија во Диселдорф, Германија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира