ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА НА ПЛАДНЕ ЌЕ БЛОКИРА РАСКРСНИЦИ ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА НА ПЛАДНЕ ЌЕ БЛОКИРА РАСКРСНИЦИ ВО СКОПЈЕ

Граѓани кои протестираат со #Шарена револуција и #Протестирам денеска во 12 часот ќе блокираат неколку раскрсници во Скопје.
„Ова е блокада за правда и слобода. Ова е блокада против аболиции за криминалци. Ова е блокада за граѓанскиот глас да продре подлабоко во системот кој е окупиран од режим“, стои во најавата на профилот на Шарената револуција на Фејсбук.
Не е прецизирано кои раскрсници и колку време ќе трае блокадата, но шарените во најавата бараат трпение и ги повикуваат оние кои ќе се соочат со блокада да свирнат за поддршка и да се придружат.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира