ГОРИ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА ВО КУМАНОВО, ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ Е НАМЕРНО ЗАПАЛЕНА

    ГОРИ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА ВО КУМАНОВО, ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ Е НАМЕРНО ЗАПАЛЕНАПроблемот со пожар на депонијата се повторува секое лето, поради тоа што запаленото ѓубре тешко се гаси и тлее и чади со месеци (Фото: СДК.МК)

    Од ноќеска гори депонијата Краста, во близина на селото Пчиња, на која се изнесува ѓубрето од Куманово. Екипи на Противпожарната единица Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“ од изутрина го гаснат пожарот, но ветерот им ја отежнува работата.

    „Пожарот се појавил околу 2 часот по полноќ. Зафатена е поголема површина и гори на неколку места. Сиот потенцијал на механизација и цистерни на претпријатието е ставен во функција на гаснење на пожарот. Даваме сè од себе заедно со пожарникарите да го изгаснеме пожарот што побрзо, но топлото време и ветерот не ни одат во прилог“, изјави директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Даниел Стојчевски.

    Случајот е пријавен полиција да се утврди дали пожарот е подметнат.

    Ова лето по втор пат се пали ѓубрето на депонијата Краста, но првиот пат пожарот бил брзо изгаснат. Проблемот со пожар на депонијата се повторува секое лето, поради тоа што запаленото ѓубле тешко се гаси и тлее и чади со месеци.

    На тоа реагираат жителите на селото Пчиња, кои се жалат дека чадот ги труе и им ја уништува животната средина и градинарските култури, од кои живеат.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира