Државната компанија РАТП која што стопанисува со париското метро преименуваше неколку станици во чест на победата на француската фудбалска реппрезентација во финалето на Светското првенство во Русија.
„Берси сини“, „Виктор Иго Лорис“, „Имаме 2 ѕвезди“, „Нотр Дидје Дешан“ се новите имиња на станиците во Париз, откако РАТП се приклучи на прославата по триумфот на Франција против Хрватска со 4:2 во финалниот натпревар на „Лужники“ во Москва.
[#MercilesBleus] La #RATP célèbre l’@equipedefrance sur son réseau. On vous dévoile 6 nouvelles stations de métro en l’honneur des Bleus #ChampionsDuMonde ! 🏆 🎁 Toutes les infos ➡ https://t.co/9TdZq7Uwmp #FiersdetreBleus pic.twitter.com/lAGJhLuBm8
— Groupe RATP (@GroupeRATP) July 16, 2018