НАЈМАЛКУ 76 ЗАГИНАТИ, НАД 100 ИСЧЕЗНАТИ ВО ПОЖАРИТЕ ОКОЛУ АТИНА

    НАЈМАЛКУ 76 ЗАГИНАТИ, НАД 100 ИСЧЕЗНАТИ ВО ПОЖАРИТЕ ОКОЛУ АТИНАОд околу 1.500 изгорени куќи, досега се проверени 450.. - Пожарникари во селото Мати (Фото: Прототема)

    Најмалку 76 луѓе загинаа во големите пожари близу Атина кои што горат од завчера. Официјалната бројка од Противпожарната бригада соопштена вчера попладне беше 74, но според грчката телевизија „Скај“, пожарникарите нашле уште двајца мртви во селото Мати.

    Бројката на загинати се очекува да биде уште поголема, бидејќи проценката на властите е дека има и над 100 исчезнати. Во потрагата по исчезнатите учествуваат 130 припадници на Противпожарната бригада и армијата. Од околу 1.500 изгорени куќи, досега се проверени 450.

    Повредени се 187, од кои 23 се деца. Од нив во болница се задржани 71.

    Премиерот Алексис Ципрас прогласи тридневна жалост.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира