Претседателот на Собранието Талат Џафери е оптимист дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе гласа за уставни промени ако има излезност на референдумот за името, ако тој успее и граѓаните се изјаснат за членство на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО.
„Јас не сум чул таква изјава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прави блокада во Собранието и оти нема да гласа за уставни промени ако на референдумот има цензус, ако е успешен и ако граѓаните се изјаснат позитивно на поставеното прашање. Напротив, тие такво нешто не кажале, туку обратно”, рече Џафери на денешниот брифинг.
Со оглед на тоа дека над 80 отсто од граѓаните се за евроатлантска интеграција на Македонија, Џафери очекува сите овие граѓани да излезат на 30 септември и да го кажат тоа.
Пратениците од утрес е на годишен одмор до 20 август, а на 21 државниот празник Курбан бајрам, што значи на работа се на 22 август. Ќе работат до 10 септември, кога почнува кампањата за референдумот.
С. К. ДЕЛЕВСКА