ВО ВЕЛЕС НЕМА ТАКСИСТИ, ЗАМИНАЛЕ ДА ВОЗАТ КАМИОНИ ВО ГЕРМАНИЈА

    ВО ВЕЛЕС НЕМА ТАКСИСТИ, ЗАМИНАЛЕ ДА ВОЗАТ КАМИОНИ ВО ГЕРМАНИЈАРетко кога може да се најде возило на такси станиците во Велес.(Фото: СДК.МК)

    Во Велес недостасуваат таксисти оти повеќето заминале да работат во Германија.

    Во одредени термини од денот, такси воопшто нема или пак се чека по половина час за да се дојде возилото. Тешко до возило се стигнува во пазарните денови, во викенд, во попладневните и вечерни часови.

    „Кога и да се јавам, возило нема. Ако излезам на улица, таму каде стојат таксисти исто така нема. Едно време таксисти имаше и тоа премногу, сега наеднаш ги снема“, велат велешани.

    Легалните такси возачи, на почетокот од годинава на средбата со градоначалникот Кире Коцевски побараа ред во оваа дејност, што претходните години во неколку наврати го бараа истото. Проблемите ги лоцираа во нелојалната конкуренција и паркинг просторот за такси возилата кој е зафатен од други автомобили. Таксистите укажуваат според нив селективниот пристап на сообраќајната полиција.

    „Нема возачи во градот, помладите заминаа во Германија да возат камиони. Тоа силно се почувствува во такси превозот во градот. Најмногу тие што се поединци, кои имаа по 2-3 шофери сега останаа сами. И тие имаат право на одмор, најчесто попладне и вечер одмараат. Преку викенд се работи навечер затоа преку ден нема возила“, вели Тони Јосифовски претставник на здружението на такси возачи од Велес.

    Според локалната власт во Општина Велес легални таксисти со лиценца има околу 160 и така е со години, бројката варира за десетина повеќе или помалку.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира