Со натпреварот меѓу екипите на Струга и на Железничар од Ниш вчера почна 46-тиот ракометен турнир „Струга 2018“, кој традиционално се оддржува на отвореното игралиште „Женска плажа“, а ќе трае до 19 август.
Вчера играа: Железничар – Струга, Констанца – Алингсас и Целје – Еурофарм.
Денес играат Бешикташ – Еурофарм , Железничар – Алингсас и Целје – Тулуз.
Турнирот го отвори претседателот на ракометниот клуб Струга, поранешниот репрезентативец Наумче Мојсовски.
За првпат во рамките на турнирот, на 18 август ќе се одигра и македонскиот Супер куп за мажи, меѓу Вардар и Металург.
Сите средства од продадени билети, кои чинат 50 денари за еден ден, ќе бидат донирани во хуманитарни цели, за Центарот за дијализа во Струга.
Учесници на струшкиот турнир се познатите европски екипи, словенечкиот првак Целје, турскиот шампион Бешикташ, Железничар-Ниш, шведскиот состав Алингсас, романска Констанца, Тулуз-Франција и македонските клубови Еурофарм Работник и домаќинот Струга.
Гости на отворањето на турнирот бее министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Царинската управа, Ѓоко Танаскоски