Рускиот претседател Владимир Путин денеска дојде на свадбата на австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсел, која доби многу критики што го поканила. Путин ѝ подари цвеќе и танцуваше со Кнајсел (53) која се венчаше со бизнисменот Волфганг Мајлингер на церемонијата близу Грац, во винскиот регион во Штаерска.
Кнајсл стана министерка како независен кандидат, на предлог на од проруската и антиимигрантска Слободарска партија, која е партнер во владејачката коалиција.
Вечерва, Путин ќе има средба со германската канцеларка Ангела Меркел, во владината вила во Месеберг, северно од Берлин. Темите за билатералните разговори се Украина, Сирија, и планираниот гасовод Северен тек од Русија за Германија, против чија изградба се САД и некои земји на ЕУ.