ЧАВКОВ ЗА 27 АПРИЛ ТРЕБА ДА СЕ НАГРАДИ, А НЕ ДА СЕ КАЗНИ, ВЕЛИ НЕГОВИОТ АДВОКАТ ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО

    ЧАВКОВ ЗА 27 АПРИЛ ТРЕБА ДА СЕ НАГРАДИ, А НЕ ДА СЕ КАЗНИ, ВЕЛИ НЕГОВИОТ АДВОКАТ ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО„Митко Чавков треба, да се награди, а не да се казнува“, рече на денешното судење неговиот бранител Сашо Дуковски, и посочи дека сепак тој на крајот дал наредба и ја расчистил ситуацијата (Фото: К. Попов)

    За еден ист настан не може да има разлчини консеквенци ако Македонија стреми да биде демократска држава и онаа во која владее правото, смета адвокатот на Митко Чавков и на Богдан Илиевски-Бетмен, кои се меѓу 33 лица обвинети за терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017. Адвокатот Сашо Дуковски во воведните зборови на денешното второ продолжение на судскиот процес тврдеше дека не е возможно за настаните на 27 април лани, кога планирано и организирано беше нападнато Собранието, обвинителството да гони учесници за насилство, обид за убиство и учество во толпа, а сега да имаме терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

    „Моите клиенти Чавков и Богдан Илиевски не сториле никакво кривично дело, тие се невини“, рече бранителот Сашо Дуковски во веведните зборови (Фото: К. Попов)

    „Како е избран Чавков за најголем црн ѓавол кој сакал да го загрози уставниот поредок, а другите двајца, сребрената и бронзената команда, да бидат изземени? (Се мисли на началникот на централните полициски сили и други старешини, – н.з.). Според Упатството за овие команди, и министерот за внатрешни работи можел да даде наредба за влегување на специјалните полициски сили во Собранието. Чавков, наводно, не му кревал на високозагрижениот министер Агим Нухиу цели два часа, замислете. Нухиу доаѓа во 19.25 во оперативниот штаб, Чавков во 20 часот на 27 април лани. Па што? Од записникот од штабот ќе се види дека давал континуирани наредби цело време и на крај организирал кордон за извлекување на пратениците”, рече адвокатот Дуковски и додаде:

    „Моите клиенти Чавков и Богдан Илиевски не сториле никакво кривично дело, тие се невини“.

    Дуковски појасни дека Чавков како директор на Бирото за јавна бесбедност (БЈБ) координира, а не излегува на секој настан. Со денови наназад додека траеле протестите начекувал празни извештаи, неработење на службите, а особено на УБК.

    „Чавков треба, да се награди, а не да се казнува“, смета неговиот бранител, и посочи дека дека сепак тој на крајот дал наредба и ја расчистил ситуацијата.

    „Немало никакви известувања за насилства и Чавков како и секој човек си заминал дома. Не можел ниту тој, ниту засилување од полиција да се телепиртираат веднаш во Собранието“, вели Дуковски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира