ТРОЈЦА ВОЈНИЦИ ЗАГИНАА, 14 ЦИВИЛИ ПОВРЕДЕНИ ПО НАПАД НА БОМБАШ САМОУБИЕЦ ВО СОМАЛИЈА

    ТРОЈЦА ВОЈНИЦИ ЗАГИНАА, 14 ЦИВИЛИ ПОВРЕДЕНИ ПО НАПАД НА БОМБАШ САМОУБИЕЦ ВО СОМАЛИЈАОд нападот се сруши училиштето во близина, а оштетени се и голем број на куќи џамија (Фото: Би-Би-Си)

    Бомбаш самоубиец со кола нападна владина канцеларија во главниот град на Сомалија, Могадишу, поради што се урна училиштето во близина, соопшти полицијата.

    Колата-бомба во населбата Ховлавадаг уби тројца војници и повреди 14 луѓе, од кои шест деца, објавија локалните власти. Нападот исто така ги оштети и околните куќи и однесе покрив на џамија.

    Милитантната група ал- Шабаб ја презема одговорноста за нападот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира