Поранешните американски претседатели Барак Обама и Џорџ Буш, некогашни ривали на сенаторот Џон Мекејн му оддоа почит на комеморацијата во саботата, со суптилни и не толку суптилни пораки кои се однесуваа на претседателот Доналд Трамп. Мекејн по долго боледување почина на 81 година на 26 август.
Трамп не дојде на комеморацијата. Преку Твитер испрати пораки за сочувство до семејството и замина да игра голф.
Семејството на Мекејн претходно јасно му стави на знаење на Трамп дека не е добредојден на погребот на ветеранот на Виетнамската војна кој стана угледен сенатор и претседателски кандидат.
На комеморацијата дојдоа голем број на адвокати и високи политички претставници од целиот свет, и ниту еден од говорнците директно не го спомна Трамп.
Мекејн повеќе од три децении беше републикански сенатор од Аризона и му беше противкандидат на Барак Обама на претседателските избори во 2008 година.
Обама во својот говор го славеше поранешниот ветеран за наговите заложби за вистината и демократските вредности, за што медумите коментираат дека се однесува како подбив на Трамп.
Без да го спомене Трамп, ќерката на Мекејн, Меган го осуди претседеателот со неколку забелешки, и доби аплаузи.
„Се собравме да го оплакуваме американскиот великан, вистински човек, а не евтината реторика на мажи кои никогаш нема ни да се приближат до жртвата која тој ја даде“, говореше таа низ солзи.
Во стилот на слоганот на кампањата на Трамп, „Направете ја Америка повторно велика“, Меган рече дека Америка на Мекејн секогаш беше велика.