И КЕРИМ ДОЈДЕ НА РАСПИТ ВО СЈО ЗА СТЕЧАЈОТ НА МПМ

    И КЕРИМ ДОЈДЕ НА РАСПИТ ВО СЈО ЗА СТЕЧАЈОТ НА МПМКерим, како и поранешната колешка од МПМ, Јана Станисвљева, се задржа само околу половина час СЈО. На излегување рече дека нема да даде изјава, ќе дал „кога ќе дојде време“. - Осомничениот Срѓан Керим со адвокатот Антонио Апостолски (Фото: СДК.МК)

    По Јана Станисављева, во Специјалното обвинителство (СЈО) на прв распит дојде и другиот поранешен директор на пропаднатата компанија „Медиа принт Македонија“, Срѓан Керим. Двајцата се осомничени за истоветни кривични дела: лажен стечај, повластување на доверители и злоупотреба на службената положба и овластувањата, за кои се предвидени затворски казни.

    И Керим, како поранешната колешка од МПМ, се задржа само околу половина час во СЈО. На излегување рече дека нема да даде изјава, ќе дал „кога ќе дојде време“.

    Откако двајцата ја однесоа МПМ во стечај, доверителите останаа со ненаплатени долгови од оваа компанија во износ од над 3 милиони евра.

    Во рамките на МПМ беа дневните весници „Вест“, „Утрински“ и „Дневник“ и магазинот „Теа Модерна“, кои веќе не постојат.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира