Кенискиот маратонец Елиуд Кипчоге постави нов светски рекорд во маратон, 2 часа, една минута и 39 секунди, во Берлин. 33-годишниот тркач го надмина досегашниот рекорд за повеќе од една минута, 2:02:37, што го постави Денис Кимето во Берлин во 2014.
Кипчоге смета за еден од најдобрите маратонци на сите времиња. Тој е олимписки шампион во оваа дисциплина и годинава по трет пат победи на маратонот во Лондон.