АМБУЛАНТАТА „МАЛАРИЧНА“ ВО ОХРИД ЌЕ СЕ ЗАМЕНИ СО НОВ ЗДРАВСТВЕН ДОМ, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ

    АМБУЛАНТАТА „МАЛАРИЧНА“ ВО ОХРИД ЌЕ СЕ ЗАМЕНИ СО НОВ ЗДРАВСТВЕН ДОМ, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕАмбулантата во Охрид позната како „маларична“ се наоѓа во центарот на градот и неколку пати е поправана, оти зградата е стара и дотраена (Фото: СДК.МК)

    Охрид ќе добие нов Здравствен дом во рамки на Општата болница, а старата и нефункционална амбуланата, позната меѓу Охриѓани како “Маларична”, ќе биде дислоцирана, најави министерот за здравство Венко Филипче на јавна трибина во Охрид.

    „Маларична“ е сместена во центарот на Охрид, и објектот неколку пати е саниран поради оштетувањата предизвикани од староста и надворешните влијанија. Преселбата на “Маларична” на нова локација беше актуелизирана уште пред една деценија, но досега конкретно ништо не беше преземено. И сега се видливи бројни оштетувања.

    “Проблеми во овој сектор има многу, со недостиг на кадар, доктори, медицински сестри, огромни долгови, заглавени инвестиции, судски спорови… Планот со новиот Здравствен дом е да ја дислоцираме амбуланта од едно на друго место, бидејќи старата е нефункционална и несоодветна”, кажа министерот Филипче.

    Заменик градоначалникот Константин Георгиески на трибината кажа дека овој проект произлегол како резултат на една неформална средба помеѓу министерот Филипче и градоначалникот Стојаноски пред неколку месеци.

    “Како резултат на долгогодишната потреба за изградба на Здравствен дом во Охрид, почнавме да бараме решенија, првично преку некои стари проекти. Се надевам дека со сериозни заложби од министерството и од општината ќе добиеме нова амбуланта”, рече Георгиески.

    Автори на проектот за новиот Здравствен дом се професорите Зорица Блажевска и Саша Тасиќ од Архитектонски факултет во Скопје.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира