СИРИЈА ПО ГРЕШКА СОБОРИ РУСКИ ВОЕН АВИОН

    СИРИЈА ПО ГРЕШКА СОБОРИ РУСКИ ВОЕН АВИОНИзвидувачки авион Илјушин Ил-20, каков што беше соборен синоќа во Сирија, полетува од аеродром во Москва. (Фото: АФП)

    Руски воен авион со екипаж од 15 луѓе синоќа бил соборен од сириската противвоздушна одбрана, потврди руското министерство за одбрана. Министерството го обвини Израел за намерна провокација, велејќи дека израелски пилоти го ставиле рускиот авион на патот на сирискиот систем за противвоздушна одбрана.

    Потрагата по соборениот Илјушин Ил-20 почна откако беше изгубен контакт со авионот на околу 35 километри од брегот на Сирија околу 23 часот по локално време.

    Во соопштението на руското министерство се вели дека пилоти на израелски авиони Ф-16 го користеле рускиот авион да се скријат додека извршувале ракетен напад против сириски цели во провинцијата Латакија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира