ПОЧНА ДОНАТОРСКАТА ЗАБАВА ЗА КАЗНИТЕ НА ШАРЕНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЧНА ДОНАТОРСКАТА ЗАБАВА ЗА КАЗНИТЕ НА ШАРЕНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ

    Почна донаторска акција на учесниците во „Шарената револуција“. Тие ќе собираат финансиска помош во скопскиот кафе-бар „Излет“ се до 1 часот по полноќ, за, како што велат, да дадат „поддршка за нивните соброци кои се соочуваат со прекршочни и кривични пријави, за кои режимот подготвува високи казни“.

    Кривични пријави полицијата има поднесено против 33 демонстранти – 26 во Битола и 7 во Скопје. Осомничени се дека со боја и тврди предмети ги оштетиле фасадите на зградата на општина Битола, Порта Македонија во Скопје и зградата на Министерството за култура во скопско Дебар Маало.

    Се очекува целодневна збава. Музика пушта Диџеј Гоце САФ.

    Набрзо по отварањето на донаторската забава во кафулето пристигнаа и лидерот на СДСМ Зоран Заев и потпретседателката на партијата Радмила Шеќеринска (Фото: СДК.МК)

    Набрзо по отварањето на донаторската забава во кафулето пристигнаа и лидерот на СДСМ Зоран Заев и потпретседателката на партијата Радмила Шеќеринска (Фото: СДК.МК)

    Организаторите ги повикуваат граѓаните да помогнат во споделување на финансискиот товар со кој, како што велат, режимот сака да ги потисне.

    Денеска во Скопје нема да се одржи протест, а ќе се протестира во Струмица, Радовиш, Валандово, Охрид и во Прилеп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира