БУНДЕСТАГОТ ЗА МАКЕДОНИЈА: ГЕРМАНИЈА БАРА БРЗИ ИЗБОРИ,  ТЕХНИЧКА ВЛАДА И ИСЧЕКОР ЗА СПОРОТ СО ГРЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Берлин(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БУНДЕСТАГОТ ЗА МАКЕДОНИЈА: ГЕРМАНИЈА БАРА БРЗИ ИЗБОРИ,  ТЕХНИЧКА ВЛАДА И ИСЧЕКОР ЗА СПОРОТ СО ГРЦИЈА

    СПЕЦИЈАЛНО ОД БЕРЛИН – СИЛВЕРА ПАДОРИ КЛЕНКЕ

    Актуелната состојба во Македонија е загрижувачка! Ова пред членовите на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг претпладнево го презентираше Михаел Рот, државен секретар во германското МНР. Меѓутоа како што вели за САКАМДАКАЖАМ.КОМ Торстен Фрај, член на Комисијата и пратеник од редовите на ЦДУ-ЦСУ во Бундестагот, извесно олеснување донесе повлекувањето на аболицијата , со што е исполнет еден од важните предуслови за деблокирање на политичката криза.

    „Актуелно нема нов термин за избори. Но, важно е во Македонија многу брзо да дојде до нови избори, а до тогаш да се формира техничка влада која ќе помогне во создавањето на новата демократски избрана влада. Значи и другите предуслови од договорот од Пржино мора брзо да се спроведат. Ова се однесува  на прочистување на изборните списоци, но и на другите барања: поделба меѓу партијата на власт и Владата, но и пристап  до медиумите  на сите кои учествуваат во политичкиот живот“, подвлекува Торстен Фрај.

    покрај спроведувањето на договорот од Пржино и државните реформи, многу е важно да се направи и исчекор во однос на спорот со името. Тука ЕУ, а сигурно и германска влада имаат дел од својата одговорност“, истакна за САКАМДАКАЖАМ.КОМ Торстен Фрај, пратеник од ЦДУ-ЦСУ во Бундестагот

    Покрај спроведувањето на договорот од Пржино и државните реформи, многу е важно да се направи и исчекор во однос на спорот со името. Тука ЕУ, а сигурно и германска влада имаат дел од својата одговорност“, истакна за САКАМДАКАЖАМ.КОМ Торстен Фрај, пратеник од ЦДУ-ЦСУ во Бундестагот

    „Една работа која сакам да ја подвлечам,а која не смее да се заборави и во оваа ситуација  е спорот за името. Ако се сака Македонија да оди по патот на евроатлантските интеграции , во земјата  треба да се остварат предусловите што се однесува до реформите во државата  и она што е врзано за европските переспективи. Меѓутоа, ако го нема предизвикот за членството, бидејки еден партнер Грција од егоистички причини постојано блокира, тогаш човек е скептичен во она што се бара од Македонија во однос на натамошните реформи. Затоа сметам дека покрај спроведувањето на договорот од Пржино и државните реформи, многу е важно да се направи и исчекор во однос на спорот со името.  Тука ЕУ, а сигурно и германска влада имаат дел од својата одговорност“, истакна за САКАМДАКАЖАМ.КОМ Торстен Фрај, пратеник од ЦДУ-ЦСУ во Бундестагот.

    „Состојбата  се комплицира, договореното не се спроведува. За членовите на Комисијата е неразбирливо  што Македонија толку назадува и што не може да се постигне решение за отегнатата политичка криза“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Јосип Јуратовиќ, пратеник од Социјалдемократската партија на Германија и  член на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг.

    Ако не е демократска партија и раководството само одлучува, тогаш ми е многу жал зашто немаме демократска партија и под залог се наоѓаат партијата, демократијата и целиот македонски народ “, истакнува Јосип Јуратовиќ (СПД)

    Ако ВМРО-ДПМНЕ не е демократска партија и раководството само одлучува, тогаш ми е многу жал зашто немаме демократска партија и под залог се наоѓаат партијата, демократијата и целиот македонски народ “, истакнува Јосип Јуратовиќ (СПД)

    Според него Германија прави многу и преку специјалниот пратеник  Јоханес Хајндл кој е во Скопје  сака да го поддржи она што е договорено со ЕУ и САД, а не е спроведено. Германија помага колку што може, но Македонија сака да се интегрира во ЕУ, а не во Германија. Значи  значајна ролја има Брисел, но последниве недели и народот во Македонија.

    „Добро е што народот и младите излегоа на улица и го покажуваат своето незадоволство и го короистат своето демократско право на глас и испраќаат јасна порака  до политички одговорните. Тие пак, политички одговорните, мора да изнајдат решение. Од она што се случува вистински се поставува прашањето колку навистина владеачката ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија?  Колку одлучуваат сите? Ако е демократска партија тогаш не може да дозволат раководството да се однесува онака како што се однесува.  Каде е тука членството?  Зошто не реагира? Ако не е демократска партија и раководството само одлучува, тогаш ми е многу жал зашто немаме демократска партија и под залог се наоѓаат партијата,  демократијата и целиот македонски народ “, истакнува  Јосип Јуратовиќ (СПД).

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира