НА 27 АПРИЛ ПОЛИЦАЈЦИТЕ БИЛЕ ПУШТЕНИ ДА КОРИСТАТ СТАР ОДМОР, СВЕДОЧЕШЕ АЦО АНГЕЛОВСКИ ОД МВР НА СУДЕЊЕТО ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ НАПАД НА СОБРАНИЕТО

    НА 27 АПРИЛ ПОЛИЦАЈЦИТЕ БИЛЕ ПУШТЕНИ ДА КОРИСТАТ СТАР ОДМОР, СВЕДОЧЕШЕ АЦО АНГЕЛОВСКИ ОД МВР НА СУДЕЊЕТО ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ НАПАД НА СОБРАНИЕТО„Нетипично беше што тој ден пред Собранието имаше мал број полиција“, кажа сведокот Ацо Ангеловски од МВР. - Од организираниот напад на Собранието на 27 април (Фото: СДК.МК)

    На 27 април пред Собранието имало мал број полицајци затоа што биле пуштени да користат стар годишен одмор, сведочеше Ацо Ангеловски, тогашниот телохранител на Оливер Спасовски, на денешното рочиште на судењето, во кое 33-ца се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието.

    „Нетипично беше што тој ден пред Собранието имаше мал број полиција. Толпата со багери и со агресивни нагони веќе дојде пред Собранието. Го видов колегата Зоран Станчевски од МВР и го прашав зошто толку малку службени лица има само тој ден“, кажа Ангеловски.

    „Пуштени се да користат стар годишен одмор“, му одговорил на Ацо колегата Станчевски.

    Ангеловски кажа дека со колегата Александар Јанковиќ едвај успеале да влезат во Собранието и тоа морале да го направат од главниот влез. Тој го знаел најкраткиот пат до прес-центарот, каде што беа нападнати Зоран Заев, Зијадин Села, Талат Џафери, други пратеници и новинари, бидејќи работел 12 години во Собранието.

    „Внатре беше ужас. Во ќош стиснати Зоран Заев, Оливер Спасовски, Петре Шилегов, Зијадин Села, Дамјан Манчевски и други пратеници. Се зачудив, салата беше полна со колеги од МВР. Влегле со граѓаните. Тројца само се обидоа да ги одвратат нападите, останатите само гледаа, си прст не мрдаа. Толпата мавала со сè и сешто“, сведочеше Ангеловски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира