ДОВЕРБАТА ВО СУДСТВОТО Е НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ, РЕЧЕ НЕДЕЛКОВА ОД ГОВОРНИЦА НА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДОВЕРБАТА ВО СУДСТВОТО Е НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ, РЕЧЕ НЕДЕЛКОВА ОД ГОВОРНИЦА НА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ

    Место во свечената сала на Врховниот суд, која е окупирана од Владата и дадена на користење на Основниот суд Скопје 1, претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова денеска промовираше важен документ за независно судство во амфитеатар на Правниот факултет Јустинијан Први. Таа ја промовираше  Брионската изјава за начелата за независност на судството, која во октомври лани ја потпиша заедно со уште 22 претседатели на Врховни судови од земји од источна и централна Европа, со цел да се зајакне независноста на судството во овие држави, одговорноста на судиите, но и борбата против корупцијата во судовите.
    Во организацијата на настанот, на избрканите врховни судии од нивната сала во Врховниот суд, во пресрет им излезе деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски. Тој пред амбасадорите и претставниците на амбасадите од највлијателните држави во Македонија, пред професорите од Јустинијан Први, претседателите на судовите, претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски, претставниците на МАНУ, рече дека независноста на судството во нашата земја во овој момент не е реализирана.
    Претседателката на Врховнит суд Неделкова, пак, беше конкретна и од говорницата порача:
    „Нападите врз независното судство се повеќе се продалобочуваат, па токму преку оваа изјава и преку конкретни дејства, треба да се прати порака дека нема да се дозволи мешање и нарушување на независноста на судството. Довербата во судството е на стаклени нозе“.
    Од судиите побара да судат според законите, бидејќи, како што рече, само така може да се заштитат од влијанија. Од државата, пак, побара да гарантира дека ќе обезбеди механизми да ги заштити судиите од мешење во нивната независност, од закани дека ќе бидат деградирани, разрешени, слабо оценети.
    Со потписот на Брионската изјава Неделкова, како претставник на Македонија, се обврзала дека судиите да ќе се бираат и унапредуваат во иднина само со докажани способности, интегритет и независност, дека судскиот систем ќе мора да ги избира најдобро квалификуваните кадри за судии, дека на судиите ќе им се даде слобода на изразување, дека државата со закон ќе ги штити од надворешни влијанија и закани. Неделкова на промоцијата побара и подобри услови за работа на судските службеници и повисоки плати и стандарди за нив.
    На промоцијата надвор од Врховниот суд, сепак дојдоа повеќето од претседателите на судовите, за кои имаше подготвено материјали од Брионската изјава и насоки што треба да се прави  и како треба да се менаџира судството во процесот на стекнување независност. Не дојде да си ги подигне материјалите претседателот на Битолска Апелација, како ни претседателите на Основниот суд Скопје 1 владимир Панчевски, ни претседателите на судовите во Битола, Прилеп и Струмица, кои се со проширена надлежност.
    Газда на свечената сала на Врховниот суд, која министерот за финансии Зоран Ставрески на 17. Минатиот месец ја узурпира со одлука на Владата и му ја даде во владение на Основниот суд Скопје 1, следните шест месеци ќе биде претседателот на скопска единица Владимир Панчевски. Во неа не смеат веќе да влегуваат претседателката на Врховниот суд на Република Македонија Лидија Неделкова и останатите врховни судии.
    Неделкова не го замолила Панчевски да и ја отклучи вратата во свечената сала која му е одземена на највисокиот суд, туку отиде преку улица да го промовира документот кој е домашна задача, како што рече, на секој судија и на останатите две власти, во столбот на правната наука како што го нарече Правниот факултет Јустинијан Први, од каде според неа, почнува се во судството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира