УДРИ ГИ ТЕРЕЗА МЕЈ И БОРИС ЏОНСОН – ЛОНДОНЧАНИ ГО ИСТУРААТ ГНЕВОТ ОД БРЕГЗИТ ВО СПЕЦИЈАЛЕН ФИТНЕС ТРЕНИНГ

    УДРИ ГИ ТЕРЕЗА МЕЈ И БОРИС ЏОНСОН – ЛОНДОНЧАНИ ГО ИСТУРААТ ГНЕВОТ ОД БРЕГЗИТ ВО СПЕЦИЈАЛЕН ФИТНЕС ТРЕНИНГТренингот од 30 минути содржи и вежби во кои учесниците фрлаат топки врз сликите на премиерката Тереза Меј и лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин (Фото: Ројтерс)

    Лондончаните на кои им е преку глава од Брегзит, можат да го истурат својот гнев со специјален фитнес тренинг кој содржи интензивни вежби, како на пример удирање во боксерски вреќи со слики на некои од најангажираните политичари како Борис Џонсон.  Тренингот од 30 минути содржи и вежби во кои учесниците фрлаат топки врз сликите на премиерката Тереза Меј и лидерот  на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин.

    Во салата има и дел наречен „Ќоше за откажувачи на Камерон“, именуван по претходникот на Меј, Дејвид Камерон, во кој тие што вежбаат може да одморат.

    „Оние што вежбаат си одат од нашите тренизи ослободени, полесни и велат дека покрај сѐ, направиле нешто добро за своето тело“, велат од теретаната (Фото: Ројтерс)

    Тренинзите Брегзит ги нуди фитнес компанијата „Џимбокс“, чиј директор Мајк Дајпер вели дека темата била одбрана поради сѐ почестите фрустрации на жителите на главниот град на Велика Британија.

    „Си рековме, па кој е подобар начин да се ослободат од фрустрацијата и гневот од тоа да направиме вежби Брегзит, каде луѓето можат да го удрат политичарот кој најмногу го мразат“, рече Дајпер.

    Вежбите се направени во соработка со експерт за справување со гнев, финтес инструкторот Борис Високоборскис.

    „Оние што вежбаат си одат од нашите тренизи ослободени, полесни и велат дека покрај сѐ, направиле нешто добро за своето тело“, вели Дајпер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира