ИРЕЦОТ КЕЛИ ЈА ДОНИРАШЕ ПРИВАТНАТА КОЛЕКЦИЈА НА АВИОНИ-МАКЕТИ ОД ПОЛА МИЛИОН ЕВРА НА АЕРОДРОМОТ ШЕНОН

    ИРЕЦОТ КЕЛИ ЈА ДОНИРАШЕ ПРИВАТНАТА КОЛЕКЦИЈА НА АВИОНИ-МАКЕТИ ОД ПОЛА МИЛИОН ЕВРА НА АЕРОДРОМОТ ШЕНОНИрецот Мајкл Кели повеќе од 50 години ја собирал колекцијата на макети на авиони, а потрошил околу 500 илјади евра (Фото: Ројтерс)

    Кога бил мал, Ирецот Мајкл Кели обожувал без престан да гледа како авионите полетуваат и слетуваат од најблискиот аеродром. Денес на 67 години, откако повеќе од 50 години ја собирал колекцијата на макети на авиони, за која потрошил околу 500 илјади евра и за која се верува оти е најголема приватна колекција, Кели ја донираше колекцијата на аеродромот Шенон, каде почнала неговата пасија кој авијацијата.

    Негов омилен модел е „боинг кej-си танкер“, еден од само 10 кои се произведени во цел свет (Фото: Ројтерс)

    „Отсекогаш го сакав звукот на авионот како прелетува над мојата куќа во Лимерик и бев многу љубопитен“, изјави Кели на промовирањето на колекцијата во галеријата на аеродромот. „Кога ја имав мојата прва причест, ги замолив моите родители да ме однесат на аеродромот Шенон. Тогаш ги видов сите тие прекрасни авиони и оттогаш сум маѓепсан“ , рече Кели.

    Иако сакал да стане пилот, сепак пасијата кон авионите го прошетала низ целиот свет. Ниту еден од неговите 2.300 модели на авиони не е произведен во Ирска. Во колекцијата има макети на авиони произведени во 1940-те години, а некои пак се реплики на модели од тој период.

    Негов омилен модел е „боинг кej-си танкер“, еден од само 10-те кои се произведени во цел свет.

    „Отсекогаш го сакав звукот на авионот како прелетува над мојата куќа во Лимерик и бев многу љубопитен“, вели Кели (Фото: Ројтерс)

    Кели рече дека имал понуди од галерии од целиот свет кои би сториле сѐ да ја имаат неговата колекција, но наместо тоа, тој одлучил да ја донира поблиску до неговиот дом.

    „Мислам дека ова е тестамент на неговата работа од изминатите 60 години и ние сме пресреќни дека тој нам ни ја довери колекцијата да ја чуваме во следните 100 години и повеќе“, рече Нил Малонеј, директор на аеродромот Шенон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира