ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА ДОБИ ПОВЕЌЕ ГЛАСОВИ ОД КОЈ БИЛО ПОБЕДНИК НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ДОСЕГА, РЕЧЕ ЗАЕВ

    ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА ДОБИ ПОВЕЌЕ ГЛАСОВИ ОД КОЈ БИЛО ПОБЕДНИК НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ДОСЕГА, РЕЧЕ ЗАЕВ„Граѓаните гласаа дека треба да се прифати Договорот со Грција и да станеме членки на ЕУ и НАТО“, изјави Заев на прес-конференцијата по референдумот. (Фото: К. Попов)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека резултатот од 600.000 гласа „за“ на референдумот за името е подобар резултат од кој било победник на сите парламентарни избори досега. Тој вели дека дури и ако имаше цензус, и ако имаше 1.100.000 гласачи, овој резултат од 600.000 гласа „за“ е победа за европска Македонија.

    „Граѓаните со својот мнозински глас порачаа дека нашата иднина е во ЕУ и НАТО. Им честитам на сите граѓани, и тие што гласаа „за“ и тие што гласаа „против“. Тие презедоа одговорност. Им честитам и на оние од ВМРО-ДПМНЕ, кои и покрај бојкотот на нивното раководство, излегоа да гласаат. Граѓаните гласаа дека треба да се прифати Договорот со Грција и да станеме членки на ЕУ и НАТО. Европска Македонија доби повеќе гласови од кој било победник на парламентарните избори досега. Дури и ако имаше цензус, и ако имаше 1.100.000 гласачи, овој резултат од 600.000 гласа ’за‘ е победа за европска Македонија“, изјави Заев.

    Заев рече дека во случај да не се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за изгласување на уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа, ќе бидат распишани предвремени избори во најкус можен рок, најдоцна до ноември.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира