НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ХЕМИЈА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПРОТЕИНИ

    НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ХЕМИЈА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПРОТЕИНИАмериканците Френсис Арнолд и Џорџ Пи Смит ќе ја поделат наградата со Брајтон Грегори Винтер, кој работи на Универзитетот Кембриџ (Фото: АФП)

    Нобеловата награда за 2018 година за хемија ја добија тројца научници за нивните откритија во истражувањето на протеини, соопшти денес Шведската академија.

    Американците Франсис Арнолд и Џорџ Пи Смит ќе ја поделат наградата со Брајтон Грегори Винтер, кој работи на Универзитетот Кембриџ во Велика Британија.

    Годинашните добитници користеа техника наречена насочена еволуција за создавање на нови ензими- кои ги забрзуваат хемиските реакции во биологијата.

    Овие ензими се користат за производство на нови лекови и еколошки горива.

    Арнолд ќе добие една половина од наградата од 998, 618 долари, додека Смит и Винтер ќе ја поделат останатата половина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира