259 ЛУЃЕ ЗАГИНАЛЕ ПРАВЕЈЌИ САМОСЛИК ВО ПОСЛЕДНИТЕ СЕДУМ ГОДИНИ

    259 ЛУЃЕ ЗАГИНАЛЕ ПРАВЕЈЌИ САМОСЛИК ВО ПОСЛЕДНИТЕ СЕДУМ ГОДИНИСамо минатата година, во вакви околности загинале 93 луѓе (Фото: Гети)

    Потрагата по екстремен самослик е причината за 259 смртни случаи во периодот од 2011 до 2017 година, заклучи истражувањето што го спроведе Националната медицинска библиотека на САД.

    Таа предлага на најопасните јавни места да се воведе „зона на забрането фотографирање“, што вклучува врвови на планини, високи згради и езера, каде што најчесто се случуваат трагични настани.

    Давење, пад и сообраќајни инциденти се наведуваат како најчести причини за смрт, па следуваат напади од животни, струен удар, оган и огнено оружје.

    Од поновите случаи, 19-годишниот Гевин Зимерман загина во јули годинава, кога сакаше да направи самослик на карпа во Нов Јужен Велс, Австралија, а Томер Франкфуртер минатиот месец падна од 250 метри височина во националниот парк Јосемити.

    Според истражувањето, во 72,5% случаи гинат мажи, а трагедии поврзани со правење селфи се најчести во Индија, Русија, САД и Пакистан. Минатата година, во вакви околности загинале 93 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира