Над 100.000 луѓе маршираа во Берлин на прoтест против ксенофобијата и растечкото влијание на екстремната десница. Групите за човекови права го организираа протестот, а демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Неразделни“ и „Обединети против расизмот“. Дури и организаторите се изненадија од масовноста на протестот.
Последниве години расте поддршката за антиимигрантската партија Алтернатива за Германија (АФД), која за првпат влезе во Парламентот лани и стана најголемата опозициона партија, а се очекува да има добри резултати на утрешните локални избори во јужната држава Баварија.
Демонстрантите маршираа низ центарот на Берлин, митингот беше кај Бранденбуршката Порта. Многумина рекоа дека ги бранат човековите права и толеранцијата, особено кон имигрантите.