Грчкиот премиер Алексис Ципрас му честиташе на премиерот Зоран Заев откако вечерва Собранието го усвои владиниот предлог за пристапување кон уставни измени согласно Договорот за името со Грција.
„Честитки пријателе, Зоран Заев! Вечерашново гласање е голем чекор кон нашиот заеднички успех. Многу важен чекор кон мирна и просперитетна иднина за нашите народи!“, напиша Ципрас на неговиот профил на Твитер.
Собранието го усвои предлогот за пристапување кон уставни измени со 80 гласа „за“ и 39 гласа „против“. Следен чекор за усвојување на уставните измени предвидени со Договорот од Преспа е утврдување на нацрт амандманите на измените на Уставот. Амандманите се усвојуваат со просто мнозинство, по што следува уште едно гласање за уставни измени, за кои повторно е потребно двотретинско мнозинство. За амандманите да се гласа има рок од најмалку 80, а најмногу 100 дена.