ВОЛОНТЕРИ ЌЕ ЦРТААТ ГРАФИТИ НА ПОДЗЕМНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ ВО СКОПЈЕ СО ПОРАКИ ЗА ПОЧИСТ ГРАД

    ВОЛОНТЕРИ ЌЕ ЦРТААТ ГРАФИТИ НА ПОДЗЕМНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ ВО СКОПЈЕ СО ПОРАКИ ЗА ПОЧИСТ ГРАДОд Здруженето „Волонтерски центар Скопје“ велат дека решиле на надлежните да им предложат овој проект оти полните контејнери и расфрелено ѓубре низ улиците, тротоарите е секојдневие во градот. Улица во скопската населба Хром (Фото: СДК.МК)

    Волонтери ќе цртаат графити низ Скопје на кои ќе стојат пораки до граѓаните да не го фрлаат ѓубрето на улица. ЈП„Комунална хигиена“ потпиша Меморандум за соработка со Здружението на волонтеризам „Волонтерски центар Скопје“, кои предложиле преку графити да ги информираат граѓаните како соодветно да постапуваат со својот отпад и да ја заштитуваат животната средина.

    Од Здруженето „Волонтерски центар Скопје“ велат дека решиле на надлежните да им го предложат овој проект оти полните контејнери и расфрланотоо ѓубре низ улиците и тротоарите е секојдневие во градот.

    „Засега графити ќе се цртаат на територијата на Општина Кисела Вода и за почеток тоа ќе се прави на подземните контејнери. Во проектот покрај домашни ќе учествуваат и волонтери од неколку европски земји, а може да ни се приклучи и секој граѓанин или стрит уметник кој сака да учествува во оваа кампања“, вели директорот на „Волонтерски центар Скопје“ Никола Станкоски.

    Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани вели дека тие се отворени за соработка со невладините организации, со цел заеднички да придонесат во подигнувањето на јавната свест за важноста и значењето на правилното постапување со отпадот.

    „Сега на терен имаме проблеми со кабаст отпад со кој се преполнети контејнерите и затоа во нив нема место да се фрла ѓубрето од домаќинствата или пак просторот околу контејнерите е затрупан со кревети, мебел, електрични апарати. Апелирам граѓаните да ги почитуваат правилата за одлагање на комунален отпад, а кабастиот отпад да го носат во рециклажните дворови во Карпош и во Вардариште или во претоварната станица во Шуто Оризари“, вели Шабани.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира