ТРИ ЧЕТВРТИНИ НА ВЕНЕЦИЈА ПОД ВОДА ПОРАДИ НАЈВИСОКАТА ПЛИМА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ

    ТРИ ЧЕТВРТИНИ НА ВЕНЕЦИЈА ПОД ВОДА ПОРАДИ НАЈВИСОКАТА ПЛИМА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИТуристите и жителите мораа да облечат високи чизми за да можат да се движат по улиците на Венеција (Фото: Гети)

    Три четвртини од Венеција се под вода, откако градот го преплави исклучително висока плима. Големи делови на Италија исто така се соочија со поплави изминативе денови, при што загинаа четири луѓе.

    Туристите и жителите мораа да облечат високи чизми за да можат да се движат по улиците на Венеција, откако силните ветрови го кренаа нивото на водата на 156 сантиметри, при што властите привремено го укинаа водниот автобуски сообраќај.

    Венеција вообичаено се поплавува кога силните ветрови ја туркаат водата од лагуната, но во понеделникот беше забележано највисоко ниво на вода од 2008 година.

    Градоначалникот Луиџи Бруњаро вели дека подводни бариери во лагуната можат да го спречат ова, но овој проект се одложува веќе долго време поради високи трошоци и корупциски скандали. Овие бариери би се активирале секој пат кога нивото на водата би достигнало 109 сантиметри, што во Венеција се случува најмалку четири пати годишно.

    Поради поројни дождови, и Рим беше принуден да затвори некои свои знаменитости, како Колосеумот и Форумот, а во некои градови се затворени и училиштата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира